Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода А.М.(20) од Скопје, затоа што на улицата „Петар Делјан“ во Скопје бил затекнат при обид за обљуба врз 38-годишна жена од Скопје.

Како што информира МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 01:04