СВР Велес синоќа во периодот од 17.00 до 23.00 часот на подрачјето на СВР Велес спровеле акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Како што информираше портпаролот Верољуб Додевски при контролата констатирани се 10 прекршоци, од кои пет во Велес, еден во Кавадарци и четири во Неготино.
-Против овие лица ке бидат поднесени соодветни пријави,најави Додевски.