СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.С.(45) од Велес, вработен во фирма од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“.
Ј.С. во текот на 2020 година изготвил пет повратници за вратени производи во производствен сектор, кои бил должен да ги завери со свој потпис и потпис за прием на работникот (примачот).
Производите не ги вратил во производство и при проверка на документација од финансиски сектор на фирмата било утврдено дека ги нема на залиха во магацинот, со што ја оштетил фирмата за сума од 449.253 денари.