Француската компанија „Санофи“ склучи договор без преседан со кој својата фабрика во Германија им ја отстапи на Фајзер и Бионтек за производство на нивната вакцина против Ковид-19.

Така, за првпат, еден производител ќе прави вакцина за друга компанија.

Санофи ќе обезбеди пристап на германскиот Бионтек до неговата најсовремена инфраструктура во Франкфурт за производство на повеќе од 125 милиони дози, се вели во соопштението. Француската фармацевтска компанија исто така развива своја вакцина против Ковид-19, но во оваа фаза не е готова.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 10:35