Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи вонредна седница поради ситуацијата во Мјанмар, по воениот преврат во земјата.

Седницата, која ќе се одржи преку видеоконференција, ќе се одржи зад затворени врати, според календарот кој денеска го одобрија членовите на Советот.

Во меѓувреме, норвешкиот Нобелов комитет вчера соопшти дека е згрозен од апсењето на лидерката на Мјанмар Аун Сан Су Чи, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1991 година.

– Норвешкиот нобелов комитет е згрозен од воениот преврат во Мјанмар и апсењето на добитничката на Нобеловата награда за мир Аун Сан Су Чи, претседателот Вин Минт и други политички лидери, соопшти комитетот, повикувајќи на нивно „итно ослободување“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 10:42