Шпанската Влада донесе одлука од утре па во следните две недели да ги ограничи авионските пристигнувања од Бразил и Јужноафриканската Република, земјите во кои се откриени новите, многу позаразни видови на коронавирус, соопшти денеска сајтот „Кадена Сер“.

Летовите кон Шпанија можат да ги користат само граѓаните на оваа земја и жителите што се враќаат во Шпанија или патниците кои транзитираат, а кои одат во земји надвор од Шенген зоната, додека во Шпанија можат да поминат само помалку од 24 часа, додава сајтот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 15:36