Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска соопшти дека вонредната состојба воведена поради Ковид-19 на 8 јануари ќе биде во сила до почетокот на март во Токио и некои други региони.

– Сакаме да го спречиме ширењето на коронавирусот по секоја цена. Бројот на заразени е во пад. Мора да продолжиме со трендот и да се намали бројот на хоспитализирани и заболени лица со тешки симптоми, посочи Суга.

Во Јапонија досега се пријавени околу 392.000 инфицирани лица и над 5.800 смртни случаи од последици од Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 15:37