Вирусите не можат да мутираат ако не се размножуваат, кажа водечкиот американски имунолог и советник на американскиот претседател за пандемијата, д-р Ентони Фаучи.

-И доколку ја запрете нивната репродукција со масовна вакцинација, без да му дадете на вирусот отворено поле да се шири и да одговора на притисоците што ги вршите врз него, тогаш нема да добиете мутации, рече Фаучи на виртуелниот брифинг со тимот за одговор на Ковид-19 Белата куќа, јави Си-Ен-Ен.

„Сите што побрзо ќе мора да се вакцинираат кога вакцината ќе стане достапна низ целата земја“, додаде тој.

Според Фаучи, голема е веројатноста дека дури и оние кои биле заразени со коронавирусот да можат повторно да се заразат доколку нови варијанти на вирусот станат доминантни.

Фаучи рече дека иако постои намалена заштита од нови варијанти на коронавирусот, постои доволна заштита за да се спречат сериозни болести, хоспитализација и смрт, и дека вакцинацијата е клучна во овој поглед.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 15:40