Вчерашниот воен удар беше неизбежен, изјави денеска Врховниот командант на вооружените сили на Мјанмар, генерал Мин Аунг Хлаинг.

-Таквиот исход беше неизбежен за земјата и затоа моравме да го одбереме, кажа генералот, на официјалната страница на Вооружените сили на Фејсбук.

Армијата на Мјанмар во превратот ја уапси премиерката Аунг Сан Су Чи, назначи армиски генерал за привремен претседател и прогласи едногодишна вонредна состојба во земјата.

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска во Њујорк одржа итен состанок за ситуацијата во Мјанмар, на иницијатива на Велика Британија. Од состанок зад затворени врати, дипломатски извори соопштија дека се разгледува британска предлог резолуција, но не е познато дали Кина, која го поддржува Мјанмар, ќе ја поддржи или ќе стави вето на неа.

Воениот удар во Мјанмар вчера едногласно беше осуден од меѓународната заедница.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 21:25