Аргентинскиот фудбалски првак Бока Јуниорс го доведе репрезентативниот дефанзивец Маркос Роха од редовите на Манчестер Јунајтед.

Роха (30) пристигна на „Олд Трафорд“ во 2014 година од Спортинг Лисабон и одигра вкупно 122 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед, најголемиот дел од нив во првите три сезони од својот престој на Островот.

Откако на тренерската клупа седна Оле Гунар Солскјер, аргентинскиот стопер речиси воопшто не доби шанса, одигрувајќи го својот последен натпревар за тимот од Манчестер во ноември 2019 година.

Финансиските детали од трансферт во Бока Јуниорс, засега, не се соопштени.

Роха досега одигра 61 натпревари во дресот на Аргентина, постигнувајќи три голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 21:33