Ноќеска во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во мотел на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.К. (19) и Ш.М. (27), двете од Скопје.
Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.