Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Н.(33) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 16.07.2020, пријавениот се договорил со такси возач од Кичевско за одредена сума да го однесе до Гостивар и да го врати назад.
Во Гостивар пријавениот му го побарал мобилниот телефон да направи телефонски повици, се оддалечил од местото и не се вратил.
Откако оштетениот сфатил дека бил измамен, пријавил во Полициската станица Гостивар