Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.М.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ и против И.К.(48) и Р.Ф.(28), двајцата од од село Лакавица, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело ,,изнуда“.
На 29.12.2020 во Гостивар, пријавените го сретнале М.К. од село Добридол, Гостиварско при што Л.М. со закана му ја одзел патната исправа на М.К., како гаранција дека ќе му го врати наводниот долг од 30.000 евра, од периодот кога имале заедничка фирма. И.К. и Р.Ф. биле присутни, но не реагирале и не пријавиле и покрај тоа што знаеле дека се врши кривично дело.