Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 мерки за користење на мобилен телефон.

Изречени се осум санкции за минување на затворен сигнал(црвено светло), 24 мерки за некористење сигурносен појас, 36 мерки што ги чинат пешаците и 61 мерка за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 11:29