Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Кисела Вода изречени се вкупно 71 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за користење мобилен телефон. Изречени се и 18 мерки за некористење сигурносен појас.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 11:49