На 02.02.2021 во 13,45 часот во ПС Чаир од слобода е лишен малолетник од Скопје поради основано сомнение дека е сторител на неколку кривични дела "тешка кражба" по член 236 од КЗ.

Првата кражба е пријавена на 30.01.2021 во маркет во село Горо Оризари, скопско од каде се одземени пари и продукти, втората кражба е пријавена на 31.01.2021 година, во објект во село Горно Оризари, скопско, сопственост на С.В., од каде биле одземени пари.

Третата тешка кражба е извршена во Основното училиште "Браќа Рамиз и Хамид" во населба Шуто Оризари од каде бил одземен алат. Известен е Јавен обвинител за малолетници и по документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 14:52