Четворица туниски воени лица денеска се убиени откако нивното возило било погодено од експлозивна направа во планинска област, изјави официјален армиски претставник, јави ДПА.

-Експлозијата се случи во западната област Тунис, Џебел Мгила, за ДПА изјави портпаролот на туниското Министерство за одбрана, Мохамед Зикри.

Четворицата војници починале откако се здобиле со сериозни повреди предизвикани од експлозијата, додаде тој.

Портпаролот додаде дека експлозијата се случила додека четворицата армиски претставници бркале „терористи“, термин што во Тунис се користи за исламистичките милитанти.

Во последниве години во Тунис имаше серија милитантни напади, од кои повеќето тврдат дека се дело на екстремистичката група Исламска држава, пренесе ДПА.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 15:45