Најмалку 18 лица загинаа при судир на два автобуса на автопат во северна Гана, соопшти денеска локалната полиција.

Најмалку 45 лица се повредени во несреќата што утрово се случила во близина на градот Саваба во округот Централна Гонџа, изјави портпаролот на регионалната полиција, Овусу Агиекум.

Првичната истрага за причините за несреќата покажала дека еден од возачите можеби заспал зад воланот, според Агиекум.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 15:45