ЕУ мора да преземе итни активности за решавање на проблемите поврзани со спроведувањето на трговскиот договор во Северна Ирска, и тоа до крајот на март, изјави британскиот премиер Борис Џонсон во телефонски разговор со премиерката на Северна Ирска Арлен Фостер.

Портпарол на Џонсон изјави дека британскиот премиер посочил дека ЕУ мора да преземе итни активности со цел да се обезбедат придобивките за Северна Ирска од напуштањето на Унијата.

Говорејќи подоцна во Парламентот, британскиот премиер рече дека минатонеделниот чекор на ЕУ за ограничување на изворот на вакцини во Северна Ирска, од кој Брисел брзо се откажа, „се чини дека ги доведе во прашање“ принципите на мировниот процес во регионот, со кој се избегнуваат цврсти граници со соседна Република Ирска, земја-членка на ЕУ.

Ќе го почитуваме мировниот процес, ќе работиме на тоа да обезбедиме да нема такви граници, да нема пречки во Ирското Море и принципите на еднаков пристап да се однесуваат на сите делови на Велика Британија, рече Џонсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 16:04