Денеска (3.2.2021) околу 12:20 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(34) од гостиварско Здуње, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Б.Б. е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, а во координација со Јавен обвинител, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.