Здравствените власти во Белгија се усогласија за тоа кои лица треба да бидат приоритетни за вакцинација, надвор од најзагрозените категории над 65-годишна возраст и медицинскиот персонал, јави дописничката на МИА од Брисел.

Конкретно за лицата помеѓу 18 и 64-годишна возраст приоритетно ќе бидат повикани за вакцинација лицата со хронични бубрежни заболувања, како и so хронична болест на црниот дроб, лицата со Даунов синдром, болните од СИДА, и лицата кои се на список на чекање за трансплантација.

За лицата помеѓу 45 и 64-годишна возраст се додаваат оние кои имаат хронична респираторна болест, дијабетичари, лицата со деменција и оние со патолошки висок притисок.

Овие луѓе можат да очекуваат да бидат на список на вакцинација веднаш по лицата над 65-годишна возраст, односно во текот на март и април, според министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2021 16:05