Денеска (4.2.2021) околу 12 часот и 45 минути, на улица "Вонвардарска" во Тетово, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Л. Д. (47) од тетовско Гајре, осуден на четиригодишна затворска казна за сторено кривично дело"убиство".
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа "Затвор Тетово" за издржување на затворската казна.