Санкционирани се 63 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената на автопатот Куманово-Велес и обиколницата околу Скопје.
Како што информираат од МВР, три од возилата се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената, а девет возила со 50 до 70 километри на час над дозволеното.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.