Четириесет и едногодишен тетовец од селото Нераште, баран со потерница попладнево е приведен.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 13:45 часот по распишана потерница од Основниот суд Тетово е приведен Ј.Ќ.(41) за издржување казна затвор во времетраење од две години и два месеци.
Тој ќе биде предаден во Казнено-поправна установа Идризово во Скопје.