Полицијата денеска приведе 47-годишен скопјанец баран со потерница за издржување затворска казна во времетратење од една година.
– Денеска (04.02.2021) во 11:10 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, отсек за потрага го приведоа М. К.(47) кој се барал со потерница, за издржување казна затвор по член 235 став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија во времетраење од една година, информираат од МВР.
Лицето, информираат од МВР, ќе биде предадено во казнено поправна установа.