Двајца вработени во Клиничката болница во Тетово пријавиле во полицијата дека биле физички нападнати.

-Во 12 часот и 45 минути, А.Е.(41) од Тетово пријавил дека околу 11 часот во тетовската Клиничка болница, каде бил вработен, физички бил нападнат од Н.С.(50) од тетовско Селце, исто така, вработен во болницата. Набрзо потоа, Н.С. пријавил дека тој бил физички нападнат од А.Е и од уште неколку други лица кои не биле вработени во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Инаку, според иницијалите станува збор за еден од директорите, односно економскиот директор на Клиничката болница во Тетово, Артан Етеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 01:21