Во СВР Битола вчера било добиено известување од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Битола за постоење основано сомнение за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, од страна на родителите Ѓ.Н. и Ј.У.(23) од Битола.

Децата се згрижени во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, а во Клиничката болница – Битола им биле констатирани повреди. За случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 01:21