Властите во Хонг Конг претставија „контроверзен училишен водич“ , во кој се наведува дека шестгодишни ученици треба да научат и да препознаат што е соработка со странски служби и субверзија, како дел од новата наставна програма за национална безбедност.

Пекинг воведе закон за безбедност во Хонг Конг во јуни 2020 година, како одговор на повеќемесечните насилни антивладини и антикинески протести во 2019 година.

Едукативната програма, објавена синоќа, ги покажува плановите на Пекинг за полуавтономен Хонг Конг да се стреми кон социјална реорганизација со цел овој град да биде во согласност со Комунистичката партија на Кина.

„Националната безбедност е од голема важност. Наставниците не треба да го третираат водичот како контроверзно прашање”, се додава во упатството.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 11:11