Во Јапонија, поточно во градот Хакодате е отворена првата гостилница за луѓе што претпочитаат да бидаат сами со себе и со чашката…

Повеќето кафулиња во Јапонија се наменети за групни посети – друштво или колеги. Луѓето кои претпочитаат само ладно пиво, на пр., сега ќе имаат свое место за да уживаат во својата „осаменост“, пишува „Сора њуз“.

Интроверт-гостилницата наречена „Џуден Хајбол“, им нуди на своите посетители своевидна оаза на приватноста – полузатворени, речиси интимни кабини, со една столица и мала масичка. Нарачката може да се изврши со употреба на специјален таблет којшто им е на располагање. Покрај тоа, „љубителите на самотијата“ не само што можат да пијат и да јадат сами, туку и да го гледаат својот омилен филм или да сурфаат на интернет, кој е бесплатен, секако.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 11:12