Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН почнаа процес за кандидирање генерален секретар на ОН, за периодот од 2022 до 2026 година, за кој сегашниот Антонио Гутереш веќе се кандидираше, додека Хондурас бара кандидатура за жена.

Гутереш, (71) поранешен португалски премиер, има силна поддршка во Генералното собрание и во Советот за безбедност меѓу постојаните членки (САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија) за реизбор за генерален секретар со мандат од пет години.

Сепак, неколку невладини организации продолжуваат да го критикуваат Гутереш, оценувајќи дека не прави доволно за да ги заштити човековите права во светот.

Во заедничкото писмо до членките на ОН, Советот за безбедност и ГС ги повикаа 193 земји да пријават кандидати до мај или јуни, кога Советот за безбедност треба да започне селекција.

Според Повелбата на ОН, Советот за безбедност му препорачува кандидат на Генералното собрание и тој официјално го избира со транспарентна постапка во која е предвидено и негово сослушување.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 11:26