Градот Хавана одлучи од денеска повторно да воведе вечерен полициски час поради зголемениот број на заразени со коронавирусот, јави кубанската новинска агенција додавајќи дека забраната ќе важи од 21.00 до 05.00 часот по локално време.

Прекршителите ќе бидат казнети со парична казна од 2.000 пезоси (околу 83 американски долари). Кубанските власти веќе најавија дека од утре ќе се воведат нови ограничувања за пристигнувања од странство и го намалија бројот на меѓународни летови кон земјата. Кубанците што се враќаат во земјата ќе бидат изолирани во специјални центри за набљудување, каде што сите услуги ќе ги добиваат бесплатно.

Странците ќе бидат сместени во хотели и сами ќе го плаќаат својот престојот. Според официјалните податоци, во Куба досега се регистрирани 30.345 заразени со Ковид-19, од кои 225 нив починале, а 24.468 закрепнале.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 11:29