Претставничкиот дом на САД одлучи да ја отстрани републиканската конгресменка, Марџори Тејлор Грин, која ги поддржува теоретичарите на заговор, од неколку комисии, по серија контроверзни јавни изјави.

Претставничкиот дом гласаше за исклучување на Грин од Комитетот за образование и труд, како и од Комитетот за буџет. Вкупно 219 демократи и 11 републиканци гласаа „за“, а 199 републиканци беа „против“.

Ова е невообичаен чекор затоа што е вообичаено пратеничките групи да го регулираат составот на комисиите. Лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, одби да ја отстрани Грин.

Тој во средата издаде изјава во која ги осудува нејзините претходни изјави, но даде до знаење дека партијата нема да ја санкционира.

Како пратеник од Џорџија, Грин го поттикнуваше насилството врз демократите, вклучувајќи и кон спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси; „лажна тревога“ го нарече масовното пукање во средно училиште во Паркленд, Флорида, и ги поддржа неоснованите теории на заговор на QAnon.

Грин се обиде да ја ублажи штетата пред гласањето во својот говор во Претставничкиот дом кога изрази жалење за некои нејзини претходни изјави.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 11:32