Специјалниот пратеник на САД за климатски промени Џон Кери денеска изјави дека очекува да разговара со неговиот колега од Кина, Сје Женху и го нарече „лидер“ и „способен говорник на неговата земја“ за глобалното затоплување.

Кери, кој директно рапортира кај американскиот претседател Џо Бајден, ќе ги претставува САД во идните разговори за климата.

– Сје и јас сè уште не сме разговарале, но ќе го сториме тоа кога ќе дојде време. Многу брзо, сигурен сум, многу добро го познавам бидејќи соработував со него околу 20 години, изјави Кери.

Сје ја предводеше кинеската делегација во глобалните разговори за климата од 2007 до 2018 година, а Бајден по стапувањето на функцијата претседател на САД ги врати САД во Парискиот договор за климата.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 11:34