Лидерот на Ал Каеда на Арапскиот полуостров, Халид Батарфи, беше уапсен минатиот октомври во Јемен, се неведува во извештај на ОН објавен синоќа.

Батарфи, познат како Абу Микдад ал-Кинди, „беше уапсен во октомври за време на операција во Ел Геида, при што беше убиен и заменик командантот Сада Атеф ал Аулаки“, се вели во документот на ОН.

Мрежата на Ал Каеда на Арапскиот полуостров е широко распространета во Јемен, што Вашингтон го смета за особено опасна. Податоците за тоа кој го уапсил Батарфи не се наведени.

Ова е прва потврда за апсењето, за што беше објавено во октомври од страна на SITE, веб-страница специјализирана за надзор на терористички организации. Според неофицијалните податоци објавени од SITE, апсењата ги извршиле јеменските безбедносни сили.

Ал Каеда на Арапскиот полуостров ја презеде одговорноста за неколку напади во САД и Европа, вклучувајќи го и нападот врз воздухопловната база на Флорида во 2019 година и редакцијата на весникот „Шарли Ебдо“ во Париз во 2015 година. Во Јемен изврши напади и против бунтовниците Хути и владините сили.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 11:41