Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 8 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 18 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 мерки за непочитување на брзина на движење, шест за некористење на сигурносен појас, 7 за непрописно престројување на возила и 73 санкции за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.