Ракопис на ѕвездата на филмот „Карате кид“, Пет Морита кој почина 2005 година, каде што тој ја споделува својата животна приказна со свои зборови, беше основа за инспиративниот, но според многумина – вознемирувачки документарец со наслов „Повеќе од Мијаги: Приказната за Пет Морита“.
Премиерата на документарниот филм е закажана за денеска.
– Имаше навистина мрачни работи, изјави продуцентот на филмот, Оскар Алварез. – Би рекол дека ракописот е нацрт на сè и токму тоа нè возбуди, особено затоа што тој зборуваше за неговите рани години и тоа се нешта што не ги знаете, пред да се појави г-н Мијаги…, додава Алварез
Продукцијата е на Нетфликс, во документарецот учествиуваат и глумците од филмот „Карате Кид“ од 1984. – Ралф Макио, Вилијам Забка, потоа – Хенри Винклер, Марион Рос, Томи Чонг, Лери Милер, Есаи Моралес и други кои соработуваа со Морита – човекот попознат како „г-н Мијаги“.
Јапонско-американскиот глумец е роден 1932, во Ајлтон, Калифорнија САД. На две години му била дијагностицирана ‘рбетна туберкулоза и тој минал девет години в болница. Со експериментална операција, тој проодел, но токму тој период, 1941 година, се случил јапонскиот напад на „Перл харбор“, којшто дополнително му го усложнил и загорчил животот и тој за малку ќе бил протеран од Америка.
Единствената номинација за Оскар, Пет Морита ја заработи 1985 г., за неговата најпозната улога. Во 1994, глумецот доби и своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.