Крава именувана по Викторија Бекам, од расата Лимузин, е продадена на аукција за рекордна цена од 262.000 британски фунти (299.000 евра). Цената е рекордна за Велика Британија и за Европа. Наддавањето се случи минатата недела.

Вилоџ Пош-спајс е наследничка на лоза „зачинети девојки“. Нејзината мајка Вилоџ Џинџерспајс е, исто така, именувана по пејачка на поп-групата „Спајс Грлс“. Кравите се одгледувале е во Стропшир, централна Англија.

Фармерката Кристин Вилијамс изјави дека продажбата на Пош Спајс е како „добивка на лото“, оти таа била „паметна и елегантна“ крава. Според британското здружение на одгледувачи на лимузини, „блескавиот изглед“ и чистокрвноста на кравaтa придонеле за високата цена.

Секретарот на здружението Вил Катли рече дека тоа е успех не само за сточарите, туку и за самата раса крави.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 14:23