Во Африка во последните 24 часа се потврдени нови речиси 18.000 случаи на инфекција со коронавирус, додека вкупниот број на досега заразени надмина 3,62 милиона, соопшти Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка.

На африканскиот континент од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразени точно 3.627.442 лица, а од нив само претходниот ден 17.974 лица, пренесе Тасс.

Бројот на умрени во последното деноноќие е зголемен за 705 и сега вкупниот број на смртни случаи изнесува 93.614, а на заздравени над 3,1 милиона лица.

Јужна Африка се наоѓа на првото место според бројот на заразени и починати, со 1.466.767 инфицирани и 45.605 смртни случаи. На второ место е Египет, каде до денеска коронавирусот е потврден кај 168.057 лица, а е причина за смртта на 9.512 лица. Во Мароко, пак, од почетокот на пандемијата умреле 8.351 пациенти со Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 22:58