Американската крајбрежна стража и неколку други агенции спасија 66 луѓе насукани на санти мраз во заливот во североисточен Висконсин.

Во спасувачката мисија учествувале чамци за мраз и хеликоптери за да ги доведат лицата на безбедно, кои вчера биле на риболов на мраз.

Риболовците биле заробени од три санти мраз кои поради силниот ветер почнале да се оддалечуваат од брегот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 23:02