Судот во московската област Јужно Медведково денеска за 12 февруари го одложи рочиштето за кривичниот предмет против Алексеј Навални, кој е обвинет за клевета од ветеранот од Големата патриотска војна, Игнат Артеменко, изјави судијката Вера Акимова, пренесоа руските медиуми.

Тужбата е поднесена поради негативни коментари на Навални за видео материјалот во кој воениот ветеран зборува за својата поддршка за измените на Уставот на Руската Федерација.

Доколку биде осуден за клевета Навални може да биде казнет со парична казна или осуден на присилна работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 23:03