Либискиот форум, со помош на Обединетите нации, денеска ја избра новата, привремена влада, избирајќи ги Мохамед ал-Менфи за шеф на претседателскиот Совет и Абдулхамид Дбејбех за премиер.

Нивната листа осови 39 гласа наспроти 34-те гласа што ги осовија нивните ривали, претседателот на парламентот на истокот од земјата, Агуила Салех, и министерот за внатрешни работи од западнито дел на Либија, Фати Басага, како премиер, јавија британските медиуми.

-Во името на Обединетите нации, мило ми е што сум сведок на овој историски момент, изјави претставничката на ОН за Либија, Стефани Вилијамс, која во својот говор беше прекинувана со громогласни аплаузи, јавуваат британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 23:05