Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на денешната средба во Москва со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, ја осуди одлуката на Москва да протера тројца дипломати.

Руското Министерство за надворешни работи денеска им врачи протестна нота на амбасадорите на Шведска и на Германија и вршителот на должност амбасадор на Полска поради нивната поддршка за опозиционерот Алексеј Навални.

Според официјална Москва таквите нивни дејности се неприфатливи и не се во согласност со нивниот дипломатски статус. Според тоа тројцата дипломати се прогласени за „персона нон грата“ и треба да ја напуштат Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 23:08