Полска го повика рускиот амбасадор на консулатции поради протерување на полскиот дипломат во Санкт Петербург, кој е обвинет за учество во протестите протув затворањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

– Полската страна очекува дека руските власти ќе ја поништат оваа погрешна одлука, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Полска.

Во соопштението се додава дека ако Русија не ја поништи одлуката, Полска ќе преземе соодветни чекори.

Руското Министерство за надворешни работи денеска им врачи протестна нота на амбасадорите на Шведска, на Германија и на Полска поради нивната поддршка за опозиционерот Алексеј Навални.Според официјална Москва таквите нивни дејности се неприфатливи и не се во согласност со нивниот дипломатски статус. Според тоа тројцата дипломати се прогласени за „персона нон грата“ и треба да ја напуштат Русија.

Протерувањето на дипломатите го осуди и Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на денешната средба во Москва со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2021 23:16