На 04.02.2021 околу 15,35 часот во СВР Скопје, А.А.(35) од село Арачиново, скопско, пријавил дека додека седел во неговиот двор со Ф.А.(31) од село Арачиново, со патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки поминале Ш.М.(36) и Ш.М., кои пукале кон А.А. и Ф.А., на што истите возвратиле.

Повредени лица нема, а оштетено било возилото „форд галакси“ сопственост на Ш.М. и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ф.А.. Се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2021 03:28