Полициски службеници од СВР Куманово на 05.02 презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената и на територијата на Крива Паланка санкционираа 46 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени и 7 возила поради други прекршоци. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2021 12:31