Триесет и три возачи се санкционирани поради брзо возење на подрачјето на Крива Паланка во денешната акциска контрола на полициските службеници од СВР Куманово.
Од сообраќај се исклучени и пет возила поради други прекршоци, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.