Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на 06 февруари спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возењето со поголема брзина од дозволената на автопатот Куманово-Велес и обиколницата околу Скопје и при тоа санкционирани се 75 прекршоци.

Од нив, 13 возила се движеле со брзина од над 50 километри на час над дозволената.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2021 14:00