Двајца жители на Делчево и тројца жители на беровско Русиново се степале пред локален маркет во селото, откако претходно вербално си дофрлале. Случајот од страна на очевидци веднаш бил пријавен до беровската полиција, што е потврдено и од СВР Штип.
-На 06.02.2021 околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека пред маркет во с.Русиново, беровско по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(63) и И.А.(35) двајцата од Делчево, од една страна и Ј.К.(20), Д.К.(23) и А.Б.(32) сите од с.Русиново, од друга страна, се вели во полициското соопштение.
Причините за вербалната расправија не се познати. Од страна на полицијата се преземаат мерки за расчистување на случајот.