Од почетокот на годината Виетнам уништи повеќе од 100.000 парчиња живина во обид да го запре ширењето на птичјиот грип, соопшти владата на оваа азиска земја.

Виетнам пријави дека во 14 свои провинции детектира епидемија на високо патогените соеви H5N1 и H5N6 на птичјиот грип. Виетнамската владеачка партија нагласи дека постои голема опасност од ширење на епидемијата.

Виетнам распоплага со околу 460 милиони парчиња живина, а во последниве години во земјата беа регистрирани неколку помали епидемии на птичјиот грип.

Сомневањата се дека болеста ја шират дивите птици. Иако не сметаат дека е опасен за луѓето, Виетнамците, сепак, решија птичјиот грип да го сузбијат со обемни програми за уништување на живината.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2021 13:02