Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се изјасни денеска дека не е виновен по обвиненијата за корупција за време на продолжувањето на судскиот процес, шест недели пред одржувањето на нови избори во земјата.

– Го потврдувам писмениот одговор доставен во мое име, истакна Нетанјаху пред тричлениот совет во Окружниот суд во Ерусалим, мислејќи на документот кој неговите адвокати му го дадоа на судот минатиот месец во кој тврдат дека нивниот клиент не е виновен по обвинувањата за примање поткуп, повреда на довербата и измама.

Нетанјаху е обвинет во 2019 година за добивање подароци од богати пријатели и поради наводно барање регулаторни услуги за медиумски тајкуни во замена за поволно известување.

Последен пат се појави на суд во мај минатата година, по што процесот беше одложен поради коронавирусот. Нетанјаху го нарече овој судски процес „политички лов на вештерки“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2021 13:20